ЗА НАС
Мисија и Визија
Сиело Фарма дооел велес, е фамилијарна компанија во приватна сопственост, лоцирана во центарот на С.Македонија, Велес. Компанијата е регистрирана како Веледрогерија, и главна дејност е увоз-извоз, дистрибуција, складирање на лекови, фармацевски производи, додатоци во исхраната, медицински материјали како и застапување на повеќе компании на македонскиот пазар.
Нашето 25 годишно искуство од страна на малопродажен сектор, Аптеки, ни даде повик да создадеме веледрогерија која ќе биде вистински партнер на аптеките. Ние ги разбираме сите препреки и потешкотии на Малопродажниот сектор, и затоа подаваме рака за вистинско долгогодишно партнерство.
Нашата визија е да се подобри и модернизира големопродажното работење, со имплементација на најефективни механизми кои даваат мерливи резултати и кај нас и кај нашите партнери. Оваа цел веќе ја препознаа нашите партнери од С.Македонија како и партнерите од други држави.
Внесете го вашиот телефонски број за соработка
Контактирајте нè или внесете го вашиот телефон и нашиот тим наскоро ќе ве побара
Внесете телефонски број